За нас

Горно Макондо е креативно-уметнички и едукативен центар за деца и возрасни каде што можеме да заборавиме на секојневието и да влеземе во свет исполнет со бескрајна слобода на имагинацијата.

Курсевите по креативно пишување, јазичните курсеви, детските работилници се само дел од нашата програма во која се вклучени врвни професионалци во своите области.

Но она што најмногу нè поврзува нас меѓусебно, а и она што ќе нè поврзе со сите вас е љубовта кон она што го работиме, еколошката свест која е неопходно да ја негуваме, како и љубовта кон животните.

Заедно сонуваме да создадеме подобра иднина, но и подобра сегашност, како и да работиме на нашиот личен потенцијал, особено преку развивање на креативно-уметничните вештини.